Се појави снимка од директен разговор меѓу Зеленски и Орбан

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, разговараше со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Loading...

Очигледно имале интензивен разговор. Тој разговараше со човекот кој се заканува да ги блокира европските аспирации на неговата земја.

Имено, вчера украинскиот претседател се сретна со Орбан на инаугурацијата на новиот аргентински претседател, а снимката од разговорот се прошири на социјалните мрежи.

Орбан, да потсетиме, гласно се спротивстави на напредокот на барањето на Киев за влез во ЕУ.

Само професионалните читатели на усни можеа да разберат што е кажано во разговорот меѓу Зеленски и Орбан, човекот кој важи за „лошото момче“ на ЕУ, но по неговото патување во Аргентина, Зеленски преку видео порака објави што разговарал со унгарскиот премиер.

„На маргините на инаугурацијата разговарав со унгарскиот премиер Орбан што е можно подиректно. Јасно е дека разговаравме за нашите европски прашања“, рече Зеленски.

Зеленски јасно мислеше на настанот планиран за четврток, кога лидерите на ЕУ ќе се соберат во Брисел, каде планот е да даде зелено светло за почеток на официјалните пристапни преговори на Украина.

Тоа е следниот чекор на долгиот пат кон полноправно членство во ЕУ, иако нема гаранции за успех.

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.