Се подготвува најнеобичното издание на Оскарите: Без водители, а настанот ќе се снима како филм

Сподели со своите пријатели

Годинешното 93-то доделување на Оскарите ќе биде различно од сите претходни.

Loading...

Како што пренесува Deadline, годинава нема да има домаќин на церемонијата, а продуцентите во моментов се обидуваат да ангажираат sвезди кои треба да ги прогласат победниците во одредени категории за време на директен ТВ пренос што ќе се снима на две локации – во познатата знаменитост на железничката станица во Лос Анџелес Станица и во театарот Долби, каде што Оскарите се одржуваат од 2001 година.

Исто така е познато дека продуцентите на настанот и Американската академија за филмска уметност и наука не планираат да вклучуваат јавување преку Зум во доделувањето на наградите, што е вообичаено на другите церемонии на доделување награди во периодот додек трае пандемијата на коронавирусот.

„Ние сакаме Оскарите оваа година да изгледаат како филм, а не како телевизиско шоу“, истакнаа наградените продуценти Jеси Колинс, Стејси Шер и Стивен Содерберг во официјалното соопштение минатиот петок.

Откриле и дека го ангажирале Глен Вајс, кој работи и на доделувањето на наградите Emmy & Tony, како режисер.

„Ние го третираме настанот како филмски сет и обезбедивме ковид тим кој ќе се грижи за безбедноста на гостите и ќе ги тестира со брзи тестови на коронавирус“, откриваат организаторите, нагласувајќи дека ќе се зголеми претпазливоста кај гостите што доаѓаат од странство.

Продуцентите се надеваат дека новиот формат ќе помогне да се зголеми гледаноста на доделувањето на наградите, откако другите слични свечени настани што се одржаа за време на пандемијата, изгубија многу гледачи.

Греми годинава ги следеа 53 проценти помалку гледачи отколку во 2020 година, а рејтингот на Златните глобуси во 2020 година беше за дури 64 проценти поголем отколку во 2021 година.

Loading...

Оскарите, кои оваа година поради пандемијата не се одржаа во февруари, како и обично, се закажани за понеделник, 26 април.

Leave a Reply