Се озеленуваат населбите Карпош и Диво насеље (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Улицата „100“ во населбата Карпош и улицата „Тоде Мендол“ во дива населба ќе ги красат нови дрвја кои денеска беа засадени во рамките на програмата за озеленување на градот.

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска ги посети вработените од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ во населбата Карпош кои работат на озеленување на тротоарите, каде и самиот засади една садница.

 

Loading...

 

Околу 150 садници брези на двете локации ќе бидат насадени деновиве, информираше денеска Димитриевски.

– Верувам дека истите и ќе ги разубават овие улици, но секако и ќе имаме допринос во делот на заштита на животната средина и намалување т.е. подобрување на квалитето на воздухот. Апелирам до граѓаните да ги сочуваат овие садници, се работи за висококвалитетни садници, но мора да потенцирам гледајќи го она што се случува тука на лице место овие тротоари особено на улица „100“ беа изведени пред неполна година и денеска се во катастрофална состојба, затоа што граѓаните се однесуваат несовесно кон истите, особено мештаните кои возат тешки товарни возила и имаат навика да ги паркираат тешките товарни возила на тротоарите, рече Димитриевски.

Градоначалникот апелираше до граѓаните на Општина Куманово да се однесуваат совесно, а воедно од Министерството за внатрешни работи ќе бара да се засилат контролите во населбата Карпош со цел несовесните граѓани да бидат санкционирани.

Leave a Reply