Се омажи ќерката на Бил Гејтс: Тато го одврза ќесето и искешира два милиони долари (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Милијардерот Бил Гејтс беше најсреќниот човек на светот. Неговата ќерка Џенифер го кажа судбоносното „да“ на нејзиниот избраник, Најел Насар.

Loading...

Церемонијата се одржа на имотот Гејтс од 50 хектари во Њујорк.

 

 

Како што е наведено, ова е втора прослава за овие младенци, бидејќи тие имале муслиманска церемонија во петокот вечерта.

Невестата носеше венчаница од дизајнерката Вера Ванг, а девет деверуши беа облечени во темно зелени фустани.

Се појавија и папарацо фотографии, на кои се гледа како Бил Гејтс оди покрај својата наследничка, која блескаше во прекрасен фустан.

Loading...

 

 

Прославата започна околу 17 часот, а собирот на гости бил два часа порано, меѓу кои најрасположени биле родителите на невестата.

Џенифер танцувала со тато Бил на песната на Елтон Џон „Can You Feel The Love Tonight“.

Свадбата на саканата Гејтс чинела околу неверојатни два милиони долари, пренесуваат странските медиуми.