Се одржа работилница за деца „Анимирана ликовна авантура“

Сподели со своите пријатели

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска организираше ликовна работилница „Анимирана ликовна авантура“, на која ќе учествува деца од шест до дванаесет години.

 

Loading...

 

Идејата за ваква работнилница е на директорот Сашо Тодоровски, кој информираше дека најмалите сликаа на темата „Нацртај го својот јунак“, а во проектот беа опфатени и децата со попреченост.

– Оваа е една ликовна детска анимирана работнилница, децата сликаат на тема, нацртај го својот јунак од цртаните филмови, имаме добар одзив, задоволни сме од тоа и се надеваме дека во иднина ќе продолжиме со вакви акции. Во иднина планираме да имаме вакви работилници, сакаме да ги поврземе основните училишта во градот, можеби и средните, да дојдат младите да цртаат и да се дружат, затоа што овој Центар за култура е отворен за нив. Исто така сакам да напоменам дека тука се вклучени и деца со инклузија, и нив ги вклучивме во оваа и ги повикуваме и другите слободно да дојдат ќе им излеземе во пресрет, изјави Тодоровски.

 

 

Еуфоријата и задоволството од ваков настан, освен кај дечињата беше присутен и кај оние кои дојдоа со нив, родителите или бабите и дедовците.

– Паметна идеја, тие ни се најголемо богатство, многу е важно директорот да е амбициозен, а ни се погоди, и секоја му чест, оваа идеја му е извонредна, секогаш така да прави некои идеи да можат децата да доаѓаат. Многу сме креативни дечињата, особено моите, не дека ги фалам, но постојано цртаат, изјави баба на едно од дечињата кои денеска беа дел од работилницата.

 

Loading...

 

На ликовната работилница учествуваа околу педесетина дечиња од градот, а истата ќе се одржува секој месец.

 

 

 

 

Loading...

Leave a Reply