Се обидел да ѝ украде алкохол, па бабичката го застрела крадецот

Сподели со своите пријатели

Меј Бојс од Нешвил, Тенеси, САД, со пиштол застрелала крадец, откако „ѝ се смачило“ да ѝ крадат од погонот за производство на алкохол, како што таа изјавила пред полицијата.

Loading...

Вдовицата која е на самиот залез од 9-то десетлетие од својот живот, го зела својот револвер кога еден возрасен маж се обидел да ѝ украде алкохол од нејзиниот имот минатата седмица и, пукала во човекот.

НЕСЕКОЈДНЕВНА ПРЕСМЕТКА: Чекорот на сопственикот го избрка крадецот од дуќанот (ВИДЕО)

– Го направив тоа што требаше. Се надевам и дека ќе се расчуе, оти веќе нема да го трпам ова, изјави бабичката за весникот „Њујорк пост“. Таа е пуштена од притвор со кауција од 10.000 долари.

Полицијата ѝ го одзела оружјето. Всушност, бабичката не целела кон крадецот, туку во подот… Но, го погодила во ногата. Таа никогаш досега не пукала со оружје.

– Кога луѓе коишто те краделе со години те сметаат и за глупачка, тогаш „ти пука филмот“. И не ме поставувајте во редот на беспомошни стари жени. Знам како да се грижам за себе!, додава Бојс.

Крадецот мислеше дека пензионерот е лесна цел, но непријатно се изненади (ВИДЕО)

Бојс работи во својата просторија за производство на алкохол шест дена во седмицата. Погонот го поседува уште од 1994 година.

Loading...

Leave a Reply