Саудискиот принц сакал да го убие кралот со отровен прстен

Сподели со своите пријатели

Саудискиот принц Мохамед бин Салман еднаш предложил убиство на кралот Абдула со отровен прстен, изјави поранешниот главен разузнавач во таа земја.

Loading...

Во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес, Сад ал Џабри сведочеше дека Бин Салман му рекол на роднина дека на тој начин сака да го ослободи тронот на татко му.

Во тој период преовладуваа тензии во кралското семејство.

 

 

Саудиската влада објави дека Џабри бил дискредитиран поранешен функционер кој измислувал работи во минатото.

Во интервју за емисијата „60 минути“, Џабри рече дека принцот, синот на кралот Салман, е вистинскиот владетел на Саудиска Арабија и рече дека тој е „психопат и убиец, кој има неограничени ресурси на Блискиот Исток и е опасност за Америка и светот“.

Loading...

Тој рече дека во 2014 година принцот му предложил на својот братучед Мухамед бин Најеф, тогашен министер за полиција, да го организира убиството на кралот Абдула.

„Му рекол: „Сакам да го убијам кралот Абдула и можам да добијам отровен прстен од Русија. Сè што треба да направиме е да се ракуваме и тој ќе биде готов“, рече Џабри.

„Не знам дали тоа беше само фалење, но кога го кажа тоа, ние го сфативме сериозно“, додаде тој.

 

 

Џабри рече дека работата била решена приватно, во рамките на кралскиот двор.

Тој додаде дека средбата била тајно снимена и оти знаел дека има две копии од видеото.

Loading...

Кралот Абдула почина во 2015 година на 90-годишна возраст, а на тронот го наследи неговиот полубрат Салман.

Прво го назначи Мухамед бин Најеф за престолонаследник.

Меѓутоа, во 2017 година Бин Наџеф беше наследен од Мухамед бин Салман.

Бин Најеф беше сменет и од функцијата министер за полиција, а потоа, наводно, бил ставен во домашен притвор, пред да заврши во затвор минатата година под сѐ уште нерасчистени обвиненија.

Џабри побегна во Канада кога Бин Најџеф беше сменет.

 

 

Loading...

Тој рече дека во 2018 година бил предупреден од пријател од разузнавачките кругови дека Мухамед бин Салман испратил тим платеници да го убијат.

Тоа, наводно, се случило само неколку дена откако дисидентот и новинар Џамал ​​Кашоги бил убиен во Турција.

Тимот платеници на Бин Салман, наводно, слетал на аеродромот во Отава, но биле депортирани кога царинските службеници откриле дека носат „сомнителна опрема за ДНК анализа“.

Минатата година Џабри поднесе тужба против престолонаследникот пред судот во САД поради наводен обид за атентат.

Принцот ги негираше овие тврдења, како и наводите дека е вмешан во убиството на Кашоги, иако американските разузнавачки агенции имале информации дека тој ја одобрил операцијата.

Би-Би-Си контактираше со претставници на саудиската влада за да ги коментираат наводите.

Loading...

 

 

Во соопштението од амбасадата на Саудиска Арабија во Вашингтон за телевизијата Си-Би-Ес се вели дека Џабри бил дискредитиран поранешен владин функционер кој претходно фабрикувал податоци за да ја скрие својата финансиска измама вредна милијарди долари, која „нему и на неговото семејство им овозможила луксузен живот“.

Џабри беше тужен од неколку саудиски компании и институции за наводна корупција, а Канаѓаните му ги замрзнаа средствата, објаснувајќи дека има „убедливи докази за измама“.

Loading...

Тој негираше дека крадел државни пари, велејќи дека поранешните работодавци богато го наградиле.

Во март 2020 година, саудиските власти ги приведоа синот на Џабри, Омар и ќерката Сара, како што соопштија организациите за човекови права, во очигледен обид да го принудат да се врати во земјата.

 

 

Loading...

Во ноември минатата година, два месеци откако нивниот татко го тужеше престолонаследникот, браќата и сестрите беа осудени од саудискиот суд на девет и шест и пол години затвор за перење пари и обид за бегство од земјата.

Тие ги негираа обвинувањата.

Апелациониот суд им ги потврди казните на тајно рочиште на кое обвинетите не беа присутни.