Сателитски снимки го покажуваат обемот на уништувањето во Соледар (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Сателитските снимки направени од Maxar Technologies ги покажуваат нивоата на уништување во градот Соледар.

Loading...

Првата снимка, од 1 август 2022 година, прикажува згради и патишта во тој град, а втората го прикажува истиот простор на 10 јануари 2023 година.

 

 

Да потсетиме, шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин вчера изјави дека Соледар бил целосно ослободен и дека загинале 500 украински војници.

Во изјавата која целосно се спротивставува на онаа дадена од украинскиот претседател само неколку минути претходно, Пригожин тврди дека неговите сили целосно го ослободиле рударскиот град.

 

Loading...

 

„Загинаа околу 500 украински војници. Целиот град е покриен со трупови на украински војници“, рече Пригожин.

Од Украина велат дека борбите во тој град сѐ уште траат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.