Samsung Galaxy S9 i S9 Plus би можеле да дебитираат во јануари

Сподели со своите пријатели

Објавата на Samsung Galaxy S9 и S9 Plus би можела да се случи многу пред претходните Samsung Galaxy S телефони, затоа што како што наведува изворот, компаниајта би можела да ги претстави своите два нови телефони на CES 2018 конференцијата во Лас Вегас, која се одржува кон почетокот на јануари.

Овој извештај доаѓа од добро познат извор, Еван Блас, кој е попознат под корисничкото име @evleaks.

Samsung Galaxy S9 серијата ќе има и мини варијанта

Loading...

Иако Samsung и натаму планира да го задржи својот настан за Samsung Galaxy S9 и S9 Plus телефоните до почетокот на март, кога се одржува светската мобилна конференција во Барселона. Меѓутоа, ваков потед наведува дека компаниајта сака да ги прикаже телефоните неколку недели претходно, за да има предност во однос на другите произведувачи.

Претходните шпекулации тврдат дека овие два модели ќе имаат ист дизајни Infinity display како и кај претходникот. Во внатрешноста на куќиштето би требало да се појави Qualcomm Snapdragon 845 за американскиот пазар и Exynos 9810 чипсет за останатиот светски пазар.

Концептот на Samsung Galaxy X (видео)

Блас наведува дека Samsung Galaxy S9 моделот ќе има 4 гигабајти РАМ меморија и една камера, додека GalaxyS9 Plus ќе има 6 гигабајти РАМ меморија во дуал камера.

Двата модели ќе бидат достапни во основната варијанта од 64GB, а исто така доаѓаат и со слот за microSD картичка.

Уредите и натаму ќе имаат скенер за отпечаток на прстот, кој ќе се наоѓа одзади, под камерата.