Кумановец возел товарно возило со 3,21 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека вози товарно возило под дејство на 3,21 промили алкохол.

– На 07.05.2026 во 16:10 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т.(34) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно моторно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,21 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  The Yard Lounge Bar слави 10 години – роденденски викенд со AREA и 2BE Band

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Никола Ивановски