Кумановец натепан од колега на работа

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник од Куманово бил физички нападнат на работното место од страна на негов колега.

– На 07.05.2026 во СВР Скопје, Ф.С.(27) од Куманово пријави дека околу 14:40 часот на работното место во приватна фирма во с.Кадино, општина Илинден, бил физички нападнат од неговиот колега Д.П., информираат од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел товарно возило со 3,21 промили алкохол