Панихида во чест на загинатите бранители од Диво Насеље (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово денеска им оддаде почит на загинатите припадници на безбедносните сили кои на 9 и 10 мај 2015 година загинаа во антитерористичката акција во Диво Насеље.

 

 

Со панихида во Соборниот храм „Свети Никола“ започна оддавањето почит на храбрите припадници на специјалните единици.

 

 

Присуствуваа нивни колеги, пријатели, како и навивачката група Кумани.

 

 

Иницијатори на одбележувањето беа како и секоја година група граѓани и соборци на загинатите бранители.

– 11 години незаборав за хероите кои го дадоа животот за Македонија. Затоа се собираме секоја година во нивна чест, за да не ги заборавиме, затоа што хеорите умираат само ако ги заборавиме, истакна Предраг Петрушевски – Бинго.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан од колега на работа

 

 

По панихидата следуваше положвање свежо цвеќе пред спомен плочата поставена пред Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

Во антитерористичката акција во Диво Насеље животот го загубија осуммина припадници на македонските безбедносни сили: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Никола Ивановски