Samsung Galaxy S9 серијата ќе има и мини варијанта

Сподели со своите пријатели

Најновите извештаи сугерираат дека Samsung покрај стандардниот S9 телефон би можел да објави и помала варијанта, со 4-инчен инфинити фисплеј, со однос 19:9:5, како и без физички тастер.

Како наведуваат Valuewalk, уредот би можел да носи име Galaxu S9 Mini.

Ни претстои многу итересен период на објави во 2018 година, имајќи предвид дека моментално најмалиот флегшип на Samsung има дијагонала од 5,8 инчи.

Samsung веќе последните неколку години нема изработено флегшип уред за помала дијагонала, од кога тргнал да користи дизајн на закривени дисплеи за да стави поголеми екрани на помали рамки на телефоните.

Samsung претходно објави Мини варијатни на флегшип уредите, кои имаа помали дијагонали дисплеј, како и нешто послаби спецификации во однос на своите high-end „роднини“.

Намената на овие телефони била понуда на поефтин телефон, кој во исто време има и статус на флегшип уред.

Последниот објавен Мини модел беше Galaxy S5 Mini во 2014 година, а тој тренд изгледа ги прексокна сите следни уреди Ѕ6, Ѕ7 и Ѕ8.

Моментално кружан шпекулации дека флегиш везијат ана Galaxy S9 би можела да биде објавена во текот на светската мобилна конференција (MWA) во февруари 2018 година.