Само за една недела 99 нови случаи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (од 02.08 до 09.08) во Куманово (заедно со Липково) се регистрирани вкупно 99 нови случаи на Ковид-19, а активни се 145 на територијата на најголемата општина во државата.

Loading...

Изминатите седум дена починати се три лица како резултат на на компликации од вирусот, а меѓу нив најмладиот пациент имал 29 години.

 

 

Од почетокот на пандемијата во Куманово регистрирани се вкупно 9.058 случаи на Ковид-19, од кои излекувани се вкупно 8.554 случаи.

Битката со вирусот од почетокот на избувнувањето на пандемијата ја загубиле 358 лица.

Процентот на заразени во Куманово е 6,33%.

Loading...

На територијата на целата држава од почетокот на пандемијата регистрирани се 158.025 случаи, бројот на излекувани изнесува 150.524 лица, додека битката со вирусот не ја добиле 5.507 граѓани.

 

 

Во моментов, заклучно вчерашната статистика, на ниво на целата државата активни се 1.994 случаи

Извор: Министерство за здравство / gdi-sk

Никола Ивановски

Leave a Reply