Само три бракови склучени во април во Куманово

Сподели со своите пријатели

Само три бракови во април биле склучени на подрачјето на Општина Куманово, велат од  Управата за водење на матични книги за Кумановски Муабети.

Loading...

Пандемијата ги стопираше сите сегменти на животот, па така и венчавките.

За три месеци на подрачјето на Општина Куманово се склучени само 75 бракови, за разлика од минатата година кога во периодот март, април и мај биле склучени 299 бракови.

Во март биле склучени 52 бракови, што споредбено со лани се за 39 помалку.

Април како месец во кој беа воведени сите можни рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на вирусот, се отслика и врз бројката нови бракови во Куманово. Така во овој месец само три парови одлучиле да го кажат „судбоносното да“, додека лани во истиот месец тоа го сториле 89 парови.

Мај носи мал пораст на склучените бракови, но далеку помалку од лани. Ако во 2019 година биле склучени 119 бракови, годинава во мај само 20 парови започнале брачен живот.

Надлежните најавуваат дека наскоро ќе донесат нов пакет поблаги мерки, со кои се очекува да бидат дозволени свадбените веселби, но под кои услови, засега останува непознато.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply