„Само ја заработувам платата, жената ја троши“: Ја нарекуваат спонзоруша, нејзиниот сопруг вели поинаку (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во минатото, жените беа домаќинки, а мажите беа тие што го издржуваа семејството. Денес, работите многу се сменија, па затоа е чудно за луѓето кога жената не работи, па дури и ако каже дека има целосна контрола врз парите што ги заработува нејзиниот сопруг… добро, тогаш мора да биде спонзоруша!

Loading...

Даниел Сеонг, човек кој го следат повеќе од милион луѓе на „Тикток“, шокираше многумина кога раскажа како работи тој и неговата сопруга, која не е вработена.

„Ние сме традиционални на многу начини, но кога станува збор за некои работи, не сме. Заработувам пари, но во моментот кога ќе отидат на сметката, јас немам ништо повеќе со тоа. Таа ја плаќа буквално секоја сметка – јас не ѝ давам никакви одобрувања. Таа управува со сѐ“, вели Даниел во видеото.

Неговата сопруга Кристина може да купи што сака, таа не мора да бара дозвола за ништо и таа проверува што мислел тој за тоа, бидејќи тој целосно ѝ верува.

„Тој има целосен пристап до сите сметки“, додава таа, коментирајќи дека нејзиниот сопруг „веројатно нема идеја колку сметки имаат“.

И додека многумина ја нарекуваат Кристина спонзоруша во коментарите, некои истакнуваат дека особено им се допадна она што го кажа Даниел на почетокот на видеото:

„Ми се допаѓа начинот на кој рековте „таа не работи надвор од куќата“, што покажува дека го цените она што таа го прави дома, дека е подеднакво важно“, е еден од коментарите на оваа тема.

Даниел, татко на пет деца, за својата сопруга вели дека таа има повеќе обврски од него – „има многу работа околу нашето семејство“.

Loading...

Но, како што рековме, многумина се на мислење дека штом жената не работи и ги троши парите на сопругот, Кристина не беше поштедена од такви коментари, поради што нејзиниот сопруг мораше да одговори на тие „груби обвинувања“.

Имено, тој рече дека се запознале кога имале 23 и 24 години, кога немале ништо, и дека сопругата била со него кога имал пари и кога тие не биле тука.

„Во еден момент, таа дури и го продала вереничкиот прстен за да го нахрани своето семејство. Би сакал секој маж да најде животна сопатничка каква што јас имам”.

 

@seonglifeReply to @therandomkid101 ##fyp ##marriage ##SeongLife ##marriage ##KoreanFamily ##FamilyFinances ##Partnership ##BigFamily ##ForYouPage ##AsianFamily

♬ original sound – Daniel Seong