Само четири нови случаи на коронавирус во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири нови случаи на коронавирус се регистрирани во Куманово изминатото деноноќие.

Loading...

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19.

По градови:

– Скопје-22

– Куманово-4

– Прилеп-3

– Струга-3

– Велес-3

Loading...

– Битола-1

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117.

Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си заминаа 11 пациенти, 2 од болницата во Дебар, а регистрирани се и 5 оздравени пациенти (2 од Кочани и 3 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, а денеска во евиденцијата на ИЈЗ е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен. Пациентот починал пред 3 дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје.

 

Leave a Reply