Сакале да украдат автомобил на старица, но на ова сигурно не се надевале (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Старите госпоѓи обично се лесна мета за крадците, но оваа баба од Јужноафриканската република неодамна успеала да среди дури тројца крадци и тоа сама.

Тројцата крадци во обид очигледно избрале да удрат на погреша старица, која не само што им се спротивставила, туку ги натерала да се дадат во бегство.

Безбедносните камери го забележале инцидентот, а снимката бргу станала вирална на интернет.

Вооружени крадци влегоа во куќа, но кога го видоа сопственикот зажалија (видео)

Loading...

Жената најпрвин го довезла џипот во дворот кога ја препречил друг автомобил. Од него излегле тројца вооружени крадци и се обиделе да и го украдат возилото, но таа се заклучала.

Тогаш тргнала во рикверц директно на нивното возило, а крадците бргу втрчале во својот автомобил и се обиделе да избегаат.

Сепак, не биле доволно брзи за старицата, која неколку пати ги „докрајчила“ удирајќи со својот џип во нивното возило.

https://twitter.com/RealNewsLine/status/1036562114960412672

Leave a Reply