Сакале авантура, па се случила несреќа: Полугола жена снимена на автомобилот, а подоцна се појави и мажот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дека љубовта понекогаш навистина боли, најдобро се уверила жената која паднала полугола од балконот и слетала на покривот од автомобилот.

Loading...

Како што пишува британски Сан, несреќната жена се лизнала за време на интимните моменти со партнерот и паднала точно на покривот на паркиран автомобил, а сето тоа било снимено од надзорните камери во гаражата. Падот бил толку силен што кутрата жена го скршила покривот на автомобилот.

На снимката од надзорните камери се гледа како полугола жена паѓа врз автомобил, а потоа почнува да го трие грбот од нешто што изгледа како силна болка. Набрзо до неа притрча партнерот кој не носел маица и и помогнал да се симне од покривот на автомобилот.

Сведок на инцидентот ја опиша необичната сцена за тајванските медиуми.

– Одев дома кога тоа се случи. Не ја видов како падна, но слушнав силен тресок и таа веќе беше на покривот од автомобилот. Тогаш човекот притрча и ѝ помогна – рекол тој.

Несреќната жена на крајот била пренесена во болница, каде и била констатирана полесна повреда на грбот и била принудена да остане во болница неколку недели. Во стабилна состојба е. Овој непослушен пар морал да плати и отштета за автомобил на нивниот сосед.

 

Loading...