САД: Започната истрага која може да доведе до смена на Трамп

Сподели со своите пријатели

Покренувањето официјална истрага што може да доведе до смена на претседателот Доналд Трамп беше најавена вечерва од спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, од Демократската партија.

Loading...

Основата на постапката е сомнеж дека во обид да обезбеди реизбор, Трамп го замолил претседателот на Украина да ги испита тамошните активности на синот на неговиот политички ривал Џо Бајден, кој наводно имал привилегија да работи со Украина во времето кога Бајден бил заменик претседател на САД, пренесуваат светските агенции.

Таа го нарече овој процес, „предавство на државните интереси на САД“ и „предавство на изборите“ за претседател.

Трамп во последните денови тврдеше дека не сторил ништо лошо и најави дека ќе објави препис на телефонскиот разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Како и да е, шефот на Демократите на Претставничкиот дом на САД вечерва рече дека „постапките на претседателот и досега го прекршувале Уставот и тој мора да одговара“, додавајќи дека „никој не е над законот“.

„Денес, објавувам дека Претставничкиот дом започнува официјална истрага за процесот на импичмент“, рече таа.

На ова, Трамп одговори вечерва со твитање од Обединетите нации во Њујорк дека неговите контакти таму со странските лидери „Демократите мораат намерно да ги срушат и да ги понижуваат со своето „ѓубре“ од вести за ловот на вештерки. Тоа е толку лошо за нашата земја!“

Процесот кој започна вечерва е малку веројатно да доведе до смена на американскиот претседател, бидејќи тој ужива поддршка од републиканското мнозинство во Сенатот.

Loading...

Leave a Reply