САД вети дека ќе се бори за човековите права низ целиот свет

Сподели со своите пријатели

ЖЕНЕВА -Обраќајќи им се на членовите на Советот за човекови права на Обединетите нации, американскиот државен секретар Ентони Блинкен потврди дека Вашингтон ќе се залага за универзална заштита и унапредување на човековите права.

Loading...

Во својот прв говор пред тоа тело на светската организација, Блинкен даде до знаење дека Америка планира повторно да се вклучи во работата на советот. Тој најави дека САД ќе се кандидираат за место во советот за мандатот од 2022 до 2024 година.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги повлече Соединетите држави од Советот за човекови права во јуни 2018 година, додека администрацијата на Бајден повторно се приклучи на 8 февруари како набљудувач.

Блинкен ја поздрави улогата на советот во заштитата на основните слободи и фокусирање на актуелните кризи, како што е воениот удар во Мјанмар. Сепак, тој го критикуваше пристапот на советот кон некои прашања, меѓу кои, како што оцени, е непропорционалното справување со Израел.

 

Ние мора да ја елиминираме точката 7 од агендата и да ја третираме состојбата со човековите права во Израел и палестинските територии на ист начин како што ова тело се занимава со која било друга земја. Ќе се фокусираме и на тоа да се осигура дека членството во Советот одржува високи стандарди за почитување на човековите права. „Оние со најлоши резултати во почитувањето на човековите права не треба да бидат членови на овој совет“, рече Блинкен.

Сепак, тој призна дека човековите права во САД исто така не се почитуваат беспрекорно и дека има простор за подобрување. Тој истакна дека администрацијата на Бајден е решена да се бори против системскиот расизам, и внатрешно и надворешно.

Loading...

Блинкен додаде дека Америка ќе се бори за правата на беспомошните, вклучувајќи жени и девојчиња, припадници на LGBTQI и верски и малцински заедници. Тој најави дека Вашингтон ќе продолжи да ги осудува кршењата на човековите права во земји како Венецуела, Никарагва, Куба и Иран.

 

„Уште еднаш ја повикуваме руската влада веднаш и безусловно да го ослободи Алексеј Навални, како и стотици други граѓани кои беа неосновано приведени затоа што ги користеле своите права. Ние ќе се залагаме за универзални вредности кога ќе бидат извршени злосторства во Ксинџијанг или ќе бидат поткопани основните слободи во Хонг Конг. И ние сме загрижени за падот на демократијата во Бурма “, истакна американскиот државен секретар.

Блинкен побара на Советот за човекови права да ги поддржи резолуциите за проблемите ширум светот на тековната седница и додаде дека земјите познати по кршење на човековите права, како Сирија, Северна Кореја, Шри Ланка и Јужен Судан, мора да одговараат.

Leave a Reply