САД размислуваат да испратат забранета касетна муниција во Украина

Сподели со своите пријатели

Белата Куќа вчера објави дека размислува за потенцијална испорака на касетна муниција на украинските сили.

Loading...

Во меѓувреме, групите за човекови права ги повикаа Киев и Москва да престанат да го користат контроверзното оружје.

Касетната бомба е оружје што се распаѓа во воздухот и испушта повеќе помали „бомби“ на широк простор.

Тие можат да се користат во форма на воздушна бомба, артилериски проектил или боева глава за крстаречка ракета.

Бомбите се дизајнирани да се активираат при удар и многу е веројатно дека некој во областа ќе биде убиен или сериозно повреден.

Освен првичната штета предизвикана од ударот, многу бомби не се активираат веднаш, така што тие претставуваат закана за цивилите долго по првичниот удар.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст наведува дека до 40% од бомбите не експлодираат веднаш.

Групите за човекови права тврдат дека употребата на касетни бомби во населени места е кршење на меѓународното хуманитарно право бидејќи тие предизвикуваат неселективно уништување.

Loading...

Касетната муниција првпат била употребена во Втората светска војна

60% од жртвите на касетните бомби се луѓе повредени за време на нивните секојдневни активности, наведува Ројтерс.

Една третина од сите регистрирани жртви на касетна муниција се деца. Повеќе од 120 земји ја потпишаа Конвенцијата за касетна муниција, која забранува употреба, производство, пренос и складирање на ова оружје.

Русија, Украина и САД одбија да го потпишат договорот.

Од усвојувањето на конвенцијата во 2008 година, според Коалицијата за касетна муниција, 99% од глобалните резерви се уништени.

Касетната муниција за прв пат беше употребена во Втората светска војна, а најмалку 15 земји ја користеа во изминативе години.

Меѓу нив се Еритреја, Етиопија, Франција, Израел, Мароко, Холандија, Велика Британија, Русија и САД.

Истрагата на „Гардијан“ покажува како руските сили користеле касетна муниција во населените области во Украина, што резултирало со смрт на десетици цивили.

„Хјуман рајтс воч“ вели дека Украина ја користела споменатата муниција во обидите да ги врати териториите под руска окупација.

Loading...

До неодамна, Вашингтон ги отфрлаше барањата на Киев

Киев јавно се залагаше за употреба на касетни бомби, тврдејќи дека оружјето ќе помогне во неговата контраофанзива.

Тие веруваат дека касетните бомби ќе им овозможат да таргетираат длабоко вкоренети руски позиции, односно да ги надминат сопствените недостатоци во работна сила и артилерија.

До неодамна, Вашингтон се противеше на повиците на Киев, наведувајќи ја загриженоста за употребата на оружје и велејќи дека тие се непотребни.

Сепак, американските власти неодамна сигнализираа промена, при што висок функционер на Пентагон минатиот месец изјави дека американската војска верува дека касетната муниција „би била корисна, особено против зацврстените руски позиции“.

Но, групите за човекови права ги повикаа Русија и Украина да престанат да користат касетни бомби и ги повикаа САД да не го снабдуваат Киев со „инхерентно неселективна“ муниција.

„Касетната муниција што ја користат Русија и Украина убива цивили сега и ќе продолжат да го прават тоа уште многу години. Двете страни треба веднаш да престанат да ги користат“, рече Мери Вареам од Хјуман рајтс воч.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.