САД ќе примаат и до 30.000 мигранти месечно

Сподели со своите пријатели

САД планираат да примат до 30.000 мигранти месечно од Куба, Никарагва, Хаити и Венецуела во рамките на програмата која вклучува депортирање на луѓе од оние земји кои се фатени на границата меѓу САД и Мексико, потврдија официјални лица од двете земји.

Loading...

Проширената хуманитарна програма ќе се заснова на политиката усвоена во октомври која им овозможи на илјадници луѓе од Венецуела да влезат во земјата по воздушен пат, доколку претходно аплицирале во странство и би можеле да докажат дека имаат американски спонзор, потврдија изворите.

Двајца американски функционери очекуваат новата програма да биде објавена денеска, но Белата куќа не одговори на прашањето на Ројтерс дали тоа може официјално да го потврди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ отвора нова истрага против Мета

Бајден ќе одржи говор

Претседателот Џо Бајден денеска треба да одржи говор за безбедноста на неговата јужна граница, која планира да ја посети следната недела.

Проблемот со масовните илегални преминувања е предизвик за демократскиот претседател од почетокот на неговиот мандат пред две години.

Во средата, за време на посетата на Кентаки, тој рече дека сака да види „мир и безбедност“ на границата.

„Сакам да видам што се случува. Утре ќе одржам говор за безбедноста на границите“, рече Бајден во средата.

Тој треба да биде во Сиудад де Мексико на 9 и 19 јануари на самитот на северноамериканските лидери, каде ќе се сретне со мексиканскиот претседател Андреас Мануел Лопез Обрадор и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок ги тужеше САД поради законот што би можел да ја забрани платформата