Руските бунтовници му испратија порака на Путин: „Tе чека изненадување на денот на изборите“

Сподели со своите пријатели

Група руски војници кои се борат за Украина му ветиле на Владимир Путин „изненадувања“ на утрешните избори во Русија.

Loading...

Прокиевската милиција наречена Легија на слободата на Русија ги повика цивилите да ги напуштат Белгород и Круск, заканувајќи се со големи напади во пограничните градови, пишува Телеграф, а пренесува загрепски N1.

Еден од волонтерите рече дека целта на овие напади ќе биде да се нарушат изборите во Русија.

„Ги имаме алатките и утре, на денот на изборите, ќе започнат изборните изненадувања“, изјави тој за украинските медиуми.

Веќе избувнаа борби во пет населени места на територијата на Русија, а видео снимките на социјалните мрежи покажуваат наводни борби во Белгород на кои се гледаат згради и автомобили во пламен.

Бунтовничкото движење е еден од најпознатите примери на руско противење на Кремљ, уште од Вагнеровиот марш на бунтовниците кон Москва предводен од Евгениј Пригожин.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.