Русите вршат притисок врз Бахмут, но Украинците добија неочекуван сојузник

Сподели со своите пријатели

Руските сили вршат притисок во офанзива во источна Украина додека се обидуваат да го опколат малиот рударски град Бахмут, кој моментално е сцена на некои од најтешките борби на украинското бојно поле.

Loading...

Русија се обидува да ги прекине ранливите линии за снабдување на украинските бранители во градот и да ги принуди да се предадат или да се повлечат.

Со тоа Москва ќе ја добие првата голема награда за повеќе од половина година и ќе го отвори патот за освојување на последните преостанати урбани центри во регионот на Доњецк, пишува Klix.ba.

„Непријателот постојано уништува се што може да се искористи за заштита на нашите позиции за утврдување и одбрана. Нашите војници кои ја бранат областа околу Бахмут се вистински херои“, изјави во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 

 

Украинскиот Генералштаб соопшти дека Русија ги засилила своите сили во областа Бахмут и ги гранатира населбите околу градот. Но, како што велат, времето им е неочекуван „сојузник“.

Loading...

Руските војници во регионот на Доњецк тапкаат во калливи ровови откако нагло потоплото време го омекна замрзнатото тло.

„Двете страни остануваат на своите позиции бидејќи, како што можете да видите, пролетта значи кал. Затоа е невозможно да се оди напред“, изјави командантот на украинската фронтална ракетна батерија.

Пролетното затоплување, познато како рут, има историја на уништување на плановите на армиите за напад низ територијата на Украина и западна Русија, претворајќи ги патиштата во реки и полињата во непробојни мочуришта.

 

 

Западните земји велат дека неколку руски напади врз Бахмут не успеале по висока цена.

„Таму се водат жестоки борби. Командата прави се за да го спречи напредувањето на непријателот низ нашата територија“, изјави за украинската телевизија Серхи Черевати, портпарол на Источната воена команда на Украина.

Loading...

Од своја страна, Москва тврдеше дека уништила украинско складиште за муниција во близина на Бахмут и дека соборила американски ракети и украински беспилотни летала.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.