Русите тврдат: Се подготвува бунт во украинската армија

Сподели со своите пријатели

Лидерот на движењето од Запорожје „Заедно со Русија“ Владимир Рогов изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски започнал чистка во армијата стравувајќи од бунт.

Loading...

„Тие го мразат Зеленски, тој ги испраќа луѓето во смрт, тој носи идиотски одлуки. Според разузнавачките податоци, откако на Зеленски му било кажано дека се подготвува бунт, тој дал наредба да се започне чистка во военото раководство“, рече Рогов.

Бунтот против украинскиот претседател неодамна го спомена и пензионираниот аналитичар на ЦИА, Лери Џонсон, кој истакна дека неуспесите на бојното поле може да ја принудат украинската армија да тргне против претседателот.

„Зеленски би можел да биде соборен со државен удар во следните три до четири недели, поради големото незадоволство меѓу војниците на источниот фронт“, изјави Џонсон во интервју за „Редактед“.

Но, тој не е првиот американски аналитичар кој шпекулира дека армијата ќе се сврти против Зеленски.

Претходно овој месец, поранешниот офицер на американскиот марински корпус Скот Ритер рече дека веројатноста за воен удар се зголемува со секоја уништена украинска бригада.

„Можеме да дојдеме до точка каде што војската само ќе каже: „Доста ни е“, рече Ритер.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...