Русите по секоја цена сакаат да го заземат Бахмут, вели командант на копнената војска на Украина

Сподели со своите пријатели

Командантот на копнената армија на Украина, генерал-полковник Александар Сирски изјави денеска дека борбите за Бахмут продолжуваат и дека ситуацијата во моментов е под контрола.

Loading...

„Таму (во правец на Бахмут) непријателот ги концентрира своите најголеми напори и не се откажува од целта да ја преземе контролата врз градот по секоја цена“, рече Сирски, пренесува „Униан“.

Тој рече дека руските сили ги засилуваат тешките артилериски напади и извршуваат зголемен број воздушни напади, со што Бахмут стана урнатини.

Според Сирски, украинските војници им нанесуваат значителни загуби на Русите и значително ги забавуваат офанзивните операции.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.