Русија: Уништени украински авион Су-27 и 15 беспилотни летала

Сподели со своите пријатели

Руската воздушна одбрана го уништи пресретнувачот Су-27 и 15 украински беспилотни летала за време на специјална операција, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Loading...

„Руската противвоздушна одбрана собори пресретнувач Су-27 на украинските воздухопловни сили кај Лозоваја во областа Харков, а беа соборени 15 украински беспилотни летала“, изјави генерал-мајор Конашенков, пренесува ТАС С.

 

Северна Кореја пријави починати од коронавирусот брзо откако ги регистрираше првите случаи

 

Портпаролот додаде дека руските сили пресретнале два украински ракети МЛРС Смерч над Топољски во регионот Харков.

Руската армија од почетокот на конфликтот во Украина уништи 165 авиони, 842 беспилотни летала, 3.032 оклопни возила и 368 повеќецевни ракетни фрлачи, изјави Конашенков, пренесува ТАС С.

 

Loading...

Дали е ова причината зошто Украинците толку добро се бранат?

 

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нејзините сили ја нападнале рафинеријата за нафта Кременчуг во централна Украина, уништувајќи го нејзиниот производствен капацитет и резервоари за гориво, пренесува Ројтерс, истакнувајќи дека не може да го потврди овој извештај.