Русија ќе копа на Месечината (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Русија планира во периодот од 2031 до 2035 година да испорача на Месечината четири автоматски вселенски бродови, изјавил за Спутник извор во ракетно-космичката сфера.

Loading...

– Станицата за слетување „Луна-30“ на Марс ќе испорача брод за поддршка на пилотските мисии. Станицата „Луна 31“ на Месечината ќе носи луномобил, тежок пет тони, опремен со сите потребни средства за експлоатација на месечните ресурси, навел соговорникот на агенцијата.

Покрај тоа, станицата „Луна 32“ на сателитот на Земјата ќе испорача тешки модули, маси до шест тона, за изработка на полигони, а апаратот „Луна33“ че обезбедува врска и навигација, додал изворот на Спутник.

Претходно е соопштено дека првата руска експедиција на Месечината која вклучува екипаж ќе биде изведена во 2031 година, по што таквите мисии ќе бидат изведувани еднаш годишно.

Пред првата експедиција ќе бидат објавени две тестирања на ракета која ќе превезува експедиции до Месечината, и тоа во 2028 и 2029 година.

https://youtu.be/jMASIOJycPw

Leave a Reply