Русија ја лансираше првата мисија на Месечината по речиси 50 години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Русија ја лансираше првата вселенска мисија на Месечината во последните 47 години, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Русија на тој начин се обидува да биде првата земја што ќе слета на Јужниот пол на Месечината.

Мисијата Луна 25 полета според распоредот од космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток.

Се верува дека јужниот пол на Месечината содржи наслаги на вода.

 

 

Руската мисија се трка со Индија, која минатиот месец испрати свој лендер и веќе орбитира околу Месечината.

Loading...

За агенцијата Интерфакс беше соопштено дека лендерот се очекува да слета на 21 август.

Индиското вселенско летало Чандрајаан-3 треба да стигне до површината на Месечината на 23 август.