Русија им забрани на службениците да користат странски зборови

Сподели со своите пријатели

Новите измени на рускиот закон им забрануваат на државните службеници да користат повеќето странски зборови додека ги извршуваат своите должности, по одлуката потпишана од претседателот Владимир Путин, пишува Ројтерс.

Loading...

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Путин постојано повторува дека сака да ја заштити Русија од, како што го нарекува, дегенериран Запад кој се обидува да ја уништи земјата.

Измените на законот од 2005 година беа дизајнирани да го заштитат статусот на Русите, се вели во текстот објавен на веб-страницата на владата, пренесува Хина.

Список на странски зборови

„Кога се користи рускиот јазик како државен јазик на Руската Федерација, не е дозволено да се користат зборови и изрази кои не одговараат на нормите на современиот руски јазик, освен за странски зборови кои немаат еквиваленти во широка употреба на рускиот јазик. “, се вели во текстот.

Списокот на странски зборови што сè уште може да се користат ќе биде објавен посебно. Во измените не се споменуваат казни за оние кои нема да го почитуваат изменетиот закон.