Русија и Белорусија ги зајакнаа заедничките сили за воздушна одбрана

Сподели со своите пријатели

Министерството за одбрана на Белорусија денеска соопшти дека се зајакнати заедничките руско-белоруски сили за воздушна одбрана, а нови ракетни единици се преместени на позиции.

Loading...

Противвоздушните ракетни единици напреднаа во одредени области и презедоа борбена должност, се вели во кусото соопштение на Министерството, пренесува Ројтерс.

Како што соопшти претходно белорускиот претседател Александар Лукашенко, поради влошувањето на ситуацијата на западните граници на сојузната држава, зголемено е регионалното групирање на војниците.

Министерството за одбрана на Белорусија појасни дека вкупниот број на контингенти на вооружените сили на Русија во заедничката група ќе биде околу 9.000 луѓе.

Двете земји планираат да одржат заеднички воздушни вежби во втората половина на јануари, почнувајќи од следниот понеделник, пренесува Ројтерс.

Белорусија е близок сојузник на Русија, на која и дозволи да ја користи нејзината територија како една од лансирните рампи за нападот врз Украина на 24 февруари, а Киев постојано предупредуваше дека Москва може да ја искористи оваа земја за да изврши нови напади.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.