Русија го казни Гугл поради забранети содржини

Сподели со своите пријатели

Прекршочниот суд во Москва денеска ја казни компанијата „Алфабет“ во чија сопственост е Гугл со 4,0 милиони рубљи (54.444 американски долари) за одбивање да отстрани забранети содржини, пренесува агенцијата Тас.

Loading...

Во исто време, Ројтерс известува дека казната на Гугл доаѓа среде поширок конфликт меѓу Русија и таканаречените компании „Биг Тек“, при што Москва рутински ги казнува гигантските социјални мрежи за неуспехот да ги отстрани забранетите содржини и се обидува да ги принуди странските технолошки фирми да отворат канцеларии и центри за податоци во Русија.

Google не одговори веднаш на барањето на британската агенција за коментар.

Руската новинска агенција во својата информација потсетува дека прекршочниот суд претходно го казнил Гугл со 9,5 милиони руби (129.249 долари) за прекршување на прописите и одбивање да ги избрише забранетите информации, и уште три милиони рубљи (40.815 американски долари) поради одбивање базата на податоци на руските корисници да биде сместена на територија на таа земја.