Русија: Емитувано лажно предупредување за ракетен напад (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Комерцијалните радио станици во делови на Русија емитуваа лажно предупредување за воздушен напад и можен ракетен напад откако нивните сервери биле хакирани, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

Loading...

Веста за лажното предупредување утрово се прошири низ социјалните мрежи. Не е јасно кој стои зад наводното хакирање.

„Поради хакерски напад врз голем број комерцијални радио станици во некои региони, беше објавена информација за наводна најава за воздушна опасност и закана од ракетен напад“, објави Министерството на својот канал Телеграм.

„Таа информација е лажна и не соодветствува со реалноста. Ве молиме побарајте информации од официјални извори“, се вели во соопштението на Министерството.