Родители погребале живо бебе, убедени дека е опседнато од зли духови: За чудо детето е спасено!

Сподели со своите пријатели

Жителите на Шајаханпур во северна Индија во текот на вечерта слушнале врисоци на дете.

Loading...

Во тој момент температурата веќе се спушти на три степени. Брзо ја ископале и ја однеле во болница каде состојбата и се стабилизирала.

Таа поминала околу три часа во студената земја. Дармендра Кумар прв случајно го слушнал вресокот на бебето.

– Поминував покрај езерцето околу шест и пол навечер кога го слушнав бебето како плаче. Нејзините крици ме одведоа до местото каде што беше закопана. Брзо ја ископав земјата и ја најдов жива – вели Кумар, пренесува Новости.

Тој го однел детето во блиската државна болница и ја известил полицијата.

– Тоа е толку сурова работа. Не ми се верува дека некој може да остави бебе на толку студено време – додава Кумар.

Истрагата на полицијата открила дека таткото (30) и мајката (28) го закопале своето третородено дете заедно со двајца роднини, по налог на локален шаман кој тврдел дека бебето било опседнато од зли духови.

Полицијата соопшти дека покрај таткото, уапсени се и тетката и вујкото и еден шаман додека мајката била во бегство.

Loading...

– Бебето го закопала тетката откако тоа го побарале родителите на детето. На овој чекор се решиле по наговор на трантрик кој тврдел дека девојчето е опседнато и дека нејзиното присуство во куќата може да го уништи сечиј живот – соопшти полицијата.

Тантрик е практичар на тантра која е уште една гранка на хиндуистичките и будистичките системи на верување.

Тантра е широк термин кој опфаќа многу теории и текстови за методите и практиките на верата.