Рекордна смртност од ковид во Јапонија

Сподели со своите пријатели

Јапонските власти денеска соопштија дека во последните 24 часа е забележана најголема смртност меѓу заболените од Ковид од почетокот на двегодишната епидемија, иако бројот на новозаразени соеви на омикрон опаѓа.

Loading...

Бројот на потврдени смртни случаи вчера се искачи на 236, објави националната телевизија NHK, наведувајќи дека е надминат претходниот црн рекорд од 216 регистрирани смртни случаи на 18 мај минатата година.

Моменталниот биланс на смртни случаи кај заболените од Ковид во Јапонија во февруари е околу 2.000, а само во Токио вчера се регистрирани 16 смртни случаи, главно меѓу населението на возраст од 70 до 90 години, јави Танјуг.

Во меѓувреме, бројот на нови случаи во Јапонија достигна 84.220, но во споредба со рекордните бројки објавени претходно овој месец за време на интензивното ширење на новиот вид омикрон, бројот на нови случаи продолжи да опаѓа.