Референт на „Македонски шуми“ и жител на М’глинце пустошеле шума

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(61) од село Мгленце – Старо Нагоричане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело
“пустошење шума“ и против М.А.(45) од село Никуштак – Старо Нагоричане и Р.К.(55) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од полицијата, во текот на 2017 година првопријавениот во атарот на село Мгленце – Старо Нагоричане, извршил бесправнасеча на 29,5 м 3 бука, со што се стекнал со противправна имотна  корист од 102.900 денари, нанесувајќи штета од 206.500 денари на шумскиот фонд на Република Македонија.

Второпријавениот, како референт во ЈП “Македонски шуми”, по претходен договор со првопријавениот, спротивно на Законот за шуми, извршил жигосување на бесправно исечената дрвна маса, додека третопријавениот, како чувар на шуми во ЈП “Македонски шуми”, по претходен договор со првопријавениот и покрај тоа што увидел дека на наведената локација била извршена бесправна сеча на дрва, не презел никакви мерки за евидентирање на бесправоисечената дрвна маса, пронаоѓање и санкционирање на сторителот, ниту пак ги известил неговите претпоставени за превземање на понатамошни мерки за документирање и расчистување на настанот.

Leave a Reply