Ракометарките на Куманово утре го пречекуваат Металург

Сподели со своите пријатели

Со почеток во 18:30 часот во спортската сала на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо ракометарките на Куманово утревечер играат дерби натпревар против составот на Металург од Скопје во рамките на 26. коло од женската ракометна лига.

Кумановки ги очекува силен противник, а тоа ветува и добар и неизвесен натпревар за љубителите на женскиот ракомет. Од управата ги повикуваат граѓаните да му дадат поддршка на домашниот клуб кого нијанси го делат од третата, односно втората позиција во табелата.

Leave a Reply