Ракометарките на Куманово денеска против Спартак, ракометарите против Астраион

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово денеска од 17 часот на гостински терен против Спартак од Скопје го играат мечот од 5. коло од домашната женска лига.

Досега бележат три победи и еден нерешен натпревар, високо котирајќи на втората позиција во табелата.

Од 17:30 часот ракометарите на Куманово на домашен терен го играат 4. коло од Првата машка ракометна лига, против составот на Астраион од Струмица.

Ова ќе биде обид за остварување на прва победа на кумановци оваа сезона, кои моментално по три одиграни натпревари се уште немаат реализирано победа.

Leave a Reply