Работодавец морал да повика полиција поради одговорот што го добил на интервју за работа

Сподели со своите пријатели

Интервјуто за работа може да биде многу стресно, па затоа не е изненадување што кандидатите понекогаш се збунети или кажуваат нешто глупаво, но еден кандидат отишол дотаму што работодавецот морал да повика полиција.

Loading...

На „Редит“, еден корисник ги замолил работодавците да опишат некои од најлошите искуства што ги имале со кандидатите, а еден раскажал како тој го прашал кандидатот што му е хоби и бил шокиран од неговиот одговор

„Го прашав што прави во слободно време, и тој ми рече дека собира работи што убавите жени ги отфрлаат“, напиша тој.

 

 

„Веднаш повикав полиција и им го предадов неговото CV.

Друг работодавец рече дека поканил жена на интервју, но таа не сакала да дојде на локацијата со нејзиниот автомобил, туку побарала да дојде личен возач за неа.

Loading...

„Ние понудивме наместо тоа да повикаме такси, но таа не сакаше. Сакаше лимузина. Јас и се заблагодарив и и реков дека разговорот е откажан”.

 

 

Трет работодавец призна дека една кандидатка ги навела сите нејзини поранешни момчиња кои работат во таа компанија и истакна дека едвај чека да ги види нивните љубоморни лица кога ќе ја видат.

„Дури и не и понудив работа до тој момент, бидејќи не разговаравме три минути. Веднаш ја испратив дома”, објасни тој.

Leave a Reply