Путин и Си ќе се сретнат на крајот на декември

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг на крајот на декември ќе разговараат за настаните од 2022 година, објави во вторник рускиот деловен весник „Ведомости“.

Loading...

Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, за весникот изјави дека датумот и агендата на средбата се веќе познати, но дека официјалното соопштение ќе биде објавено подоцна.

Весникот, повикувајќи се на неименуван извор близок до администрацијата на рускиот претседател, наведува дека е малку веројатно средбата да се одржи лице в лице.

– Деталите се разработуваат – изјавил изворот за Ведомости.

Русија се зближи со Кина откако во февруари ги испрати своите вооружени сили во Украина, пренесува Ројтерс.