Путин и Лукашенко за формирање на обединета одбранбена област

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Минск разговарал за формирање на „обединет одбранбен простор“ во регионот, но ги отфрли тврдењата дека Москва е за „спојување“ со својот сосед.

Loading...

„Русија не е заинтересирана за никакво спојување, тоа не е изводливо“, изјави синоќа Путин.

Путин отпатува за Белорусија додека руските сили продолжија со воздушното бомбардирање на Украина.

Рускиот претседател рече дека го поддржува предлогот на Лукашенко да ги обучи екипажот на белоруските воени авиони кои веќе се модифицирани да користат специјални боеви глави.

Лукашенко му се заблагодари на Путин за ракетите со краток дострел Искандер и системите за противвоздушна одбрана С-400.

Тој исто така рече дека земјите се договориле да продолжат со заедничките воени вежби.

Посетата на Путин на Минск, негова прва од 2019 година, доаѓа во време кога украинските власти велат дека стравуваат дека може да се организира руска офанзива врз Киев на почетокот на 2023 година, започната од белоруска територија, повторувајќи го сценариото од почетокот на инвазијата на 24 февруари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...