Пушка и куршуми украдени од работилница во Лојане

Сподели со своите пријатели

Ловна пушка и околу 30 куршуми вчера биле украдени од работилница во селото Лојане од страна на засега непознат сторител, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено вчера околу 21:15 часот во Полициската станица во Куманово, лицето У.З. (52) од Куманово пријавил дека  непознат сторител извршил тешка кражба во неговата вулканизерска работилница во с.Лојане. Сторителот насилно влегол внатре, извршил пребарување и одзел ловна пушка марка калибар 12мм, околу 30 куршуми калибар 12мм и двоглед непозната марка.

Увид  на местото на настанот извршила  екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово и се превземаат мерки за пронаѓање на сторителот.