Првенство во буткање со рака за прв пат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ Куманово, утре со почеток во 13 часот ќе се одржи Првенство во буткање со рака.

Loading...

Станува збор за настан кој за прв пат ќе се случува во Куманово, а организатор на првенството е Општинскиот сојуз на спортови и Општина Куманово.

Првенството ќе трае до 16 часот, а од организацијата ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот со почитување на активните ковид протоколи за следење на настани во затворен простор.

Никола Ивановски