11.07.2019 02:00

Прва седница на грчката влада: Нов модел на владеење


На првата седница на новата влада грчкиот пермиер Киријакос Мицотакис го известил својот кабинет, како што рекол, за новиот модел на владеење, со 12 приоритети.

Новата грчка влада е составена по изборите на кои победи партијата на умерената десница Нова демократија.

loading...

Новитет во работата на владата е одредена со низа основни принципи, меѓу кои првиот и единствен механизам за следење и континуирана координација на министрите и другиот персонал поради спроведување на владината програма.

Следуваат принципи за оценување на ефикасноста на владата во постигнување на очекуваните резултати, потоа користење на меѓународните модели за мерките на ефикасност и опипливи резутлтати во општеството и економијата, постојано известување на јавноста за работата на владата со „апсолутна транспарентност“.

Министрите добиле низа задачи, меѓу кои првата била изработка на годишни планови за спроведување на владината политика во секое министерство врз основа на буџетот.

Останатите итни задачи на министрите се годишното законодавство и регулаторно програмирање, годишно планирање на вработувањата, годишни извештаи за законодавната активност.

Министрите се обврзани и да составуваат анализи за влијанијата на своите политики во текот на нивното спроведување.

На сите членови на влдата, нивни соработници, сопружници и деца забрането им е да склучуваат било какви договори со дражвниот сектор.

фото: printscree youtube/vice news


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments