Промовиран документарниот филм за кумановската ракометна легенда Чедомир Јордановски – Черчил

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчискиот дом вчеравечер беше промовиран документарниот филм за кумановската ракометна легенда Чедомир Јордановски – Черчил од авторот Марјан Стошевски.

Loading...

„26-минутниот видео материјал ќе остане како траен белег за успешната кариера на Черчил, кој останал лојален на Куманово цели 35 години“, вели Стошевски.

– Пред околу 4 месеци кога бевме во неговиот дом заедно со градоначалникот, веднаш ми дојде идеја да направиме еден документарен филм  бидејќи овој човек тоа го заслужува. 35 години беше лојален на Куманово, не смени ниту еден клуб, остана локалпатриот  и затоа сум задоволен што успеавме да го направиме ова дело и да го презентираме пред кумановската спортска јавност. Во филмот многу ми помогнаа спортските работници од градот, од ракометот и сите добронамерници, така што успеавме да го склопиме овој филм во траење од околу 26 минути и нека остане како еден траен белег односно печат за успешната кариера на Јордановски кој навистина е еден бренд ракометен на Куманово. Како човек беше многу добар, тој на многу генерации спортисти беше и родител и се друго и затоа му благодарам на Јордановски за се што направи за ракометот во нашиот град и му посакувам да живее уште многу години бидејќи таков човек заслужува да има документарен филм за него, изјави Марјан Стошевски, автор на докуметарниот филм.

 

 

„Черчил е типичен кумановец, човек мераклија, со големо срце, емотивец, кој што го запознав пред неполни две години, а многупати го гледав на трибините“, рече на промоцијата градоначалникот Максим Димитриевски, посочувајќи дека би сакал филмот да доживее и второ продожение. „Куманово има многу спортски легенди кои што заслужуваат ваков третман, а ние како општина имаме одговорност да продолжиме да ги негуваме сите спортски дисциплини во градот и преку Општинскиот сојуз на спортови“, потенцираше Димитриевски. 

 

Loading...

 

„Од мотивираноста на наставникот најмногу зависи успехот на учениците.  Се надевам дека спортските работници, наставниците по физичко и здрватсвено образование во иднина многу повеќе ќе работат на спортскиот дух на децата, рече претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска. Како претседателна на Советот, ќе се залагам првин за училишниот спорт, но и воопшто за спортот во Куманово, рече Ѓорѓиевска.