Променливо облачно со врнежи од дожд во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Времето во земјава ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд кои на места ќе бидат и пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 8  до 13 степени.

Во Куманово и околината денека ќе имаме облачно време со сосема слаби услови за дожд. Температурата ќе се движи од утрински 2 до максимални 8 степени во текот на денот.

Во наредниот период претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Стабилизирање на времето се очекува од вторник.

Leave a Reply