Променливо облачно со локална нестабилност

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и
проследени со грмежи, а особено попладне, е прогнозата која ја најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Поголема количина на воден талог се очекува во југозападните делови. Максимална температура ќе се движи во интервал од 24 до 32 степена. Индексот на УВ зрачењето ќе има коефициент шест.

Во Куманово и околината ќе преовладува сончево до умерено облачно време, со можност за локална нестабилност во попладневните часови проследена со дожд и грмотевици. Максималната дневна температура ќе достигне 26 степени.

Утре и во четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од сабота се очекува промена на временската состојба, ќе дува северен ветер и ќе предизвика пад на температурата, а сеуште ќе има локални врнежи од дожд.

Leave a Reply