Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи.

Loading...

Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. УВ=7

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. во попладневните часови е можна и појава на дожд и електрични празнења.

Температурата низ кумановско ќе се движи од  12 степени во утринските часови, до максимални 27 во текот на денот.

Loading...

 

 

И во петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Температурата во следните денови ќе биде во постепено опаѓање.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply