Продолжува сончевото и топло време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Претпладне со мала до умерена локална облачност, особено во североисточните подрачја. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Утринската температура ќе се движи околу нулата, а максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време

Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината.

 

 

Loading...

Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините, велат од УХМР.

Никола Ивановски

Leave a Reply